Велигденска магија во ООУ „Климент Охридски“ во Облешево

Во знакот на хуманоста, учениците од ООУ Климент Охридски Облешево, изработијa Велигденски украси, а собраните средства ќе бидат наменети за оние на кои им се најпотребни во овој момент. Во настанот учествуваа и наставниците, а полниот училишен двор зборуваше за успешната реализација на самиот настан.

„Велигденска Магија ООУ Климент Охридски –Облешево ,во знакот на хуманоста и со добромисла и молитва за настраданите во пожарот во Кочани ,и оваа година пред еден од најголемите христијански празници – Велигден, со своите ученици и вработени ,преку едукативни и креативни игри и изработки ја покажавме сета своја умешност и знаеење. Под мотото- Велигден Христовото Воскресение е симбол на страдание и саможртва за ближните, со преубави Велигденски изработки, многу игра и забава ,а притоа зачинето со магични експерименти од хемија и природни науки ги направивме овогодишните предпразнични чествувања поразлични од предходните години. Полниот училишен двор и собраните парични средства , и секоја насмевка од искрените детски лица ке бидат подарок за оние на кој во овој момент им се најпотребни.“ – кажа Костадинов.

Ваквите настани помагаат и се мотив и за учениците и за наставниците, на соодветен но и интересен насчин да се дочека големиот христијански празник Велигден.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет