Вардар се одјави од Европа после поразот од Лозана на реваншот во Швајцарија

Освојувачот на Купот на Македонија, Вардар се одјави од Европа после поразот од 5:0 во Швајцарија од Лозана, со што вардарци ги завршуваат европските настапи и сега се фокусираат на домашниот шампионат кој ќе започне на 8 август.

Вардар замина со резултатска предност од 2:1 на гостувањето во Швајцарија, но по првите 45 минути екипата на Вардар доживеа тежок удар од 3:0.

Во вториот дел екипата на Лозана постигна уште два гола за вкупно 5:0 со што со вкупни 6:2 швајцарскиот тим оди во следна фаза од квалификациите на Конференциската лига на УЕФА, а пак Вардар го завршува европскиот настап.

Вардар ја заврши долгата серија без пораз, на 21 натпревар имаше серија од 14 победи и седум ремија, но сега таа серија е завршена, па истата се ресетира и ќе продолжи од нула.

Вардар новата сезоан во ПМФЛ ја отвара против Пелистер.

Александар Ванев, М-Нет