Вардар го декласираше Патриот за рекордна победа – тимот од Делчево нижи само порази, фаворитите според планот!

Кошаркарките на Вардар стигнаа до рекордна победа откако со 101 поен разлика го совладаа „фенерџијата“ Патриот од Делчево односно со резултат од 136:35 во последното есенско коло на Првата кошаркарска лига во женска конкуренција.

Посебен впечаток на овој меч остава капитенката на Вардар, Елена Тасевска која оствари трипл-дабл 20 поени, 14 скока и десет асистенции со шест украдени топки.

Вардар со оваа испиша историја откако постави клупски рекорд по број на постигнати поени во сениорска конкуренција, додека пак тимот од Делчево продолжива да нижи само порази во елитната кошарка.

Шампионот Баскет Кам стигна до славје на готувањето кај Бадел откако тимот од Македонска Каменица славеше со 64:81, а пак тимот на Крива Паланка на свој терен со 83:48 го декласираше составот на МЗТ Скопје – па така фаворитите стигнаа до очекуваните победи.

Во Кавадарци се одигра соседско дерби каде Пробаскет го доби тимот на Спорт Тим од Неготино со 84:63.

Со по 17 бодови Крива Паланка, Вардар и Баскет кам го делат врвот, на четвртото место е Пробаскет од Кавадарци со 14 бодови, па следува Бадел како петти со 13 бодови. Екипата на МЗТ Скопје е шеста со 11 бодови, Спорт Тим има десет бодови, а тимот од Неготино е на претпоследното место, додека пак на дното со девет порази од толку натпревари е составот на Патриот од Делчево.

Александар Ванев, М-Нет