
Буџетот на Општина Берово за 2022 година не е изгласан на седницата на Советот. Заради здравствени причини претседателот на Советот бил отсутен, па односот бил седум седум. Советниците од ВМРО ДПМНЕ во Берово не го поддржаа донесувањето на Беџетот, кажа градоначалникот Звонко Пеќески, со што блокирана е општината за реалиизрање на значајни проекти.
„Законот предвидува самвремено финансирање, од 1 јануари до 31 март во кои една третина од претходно направените трошоци се овозможуваат само за тековно одржување исплата на плати. Практично тоа би значело дека три месеци од тековната буџетска година иако имаме поголем број на проекти нема да можеме да ги реализирам само зато што Буџетот не е донесен. Тоа не е на штета на градоначалникот, туку на штета на граѓаните“ – кажа Пеќески.
Седницата на Советот на Берово за изгласување на Буџетот траеше четири часа, при што детално беа разгледани сите преставки, додава Пеќески. Според него ова не е очекувано, ниту е во прилог на граѓаните.
Според Пеќески нема причина за Буџетот да не се исгласа и тој се надева дека на 31 месецов советниците ќе го изгласаат истиот. Кога ќе се донесе Буџетот ќе бидат презентирани и приходите и проектите кои се приоритет за реализација.
Лаура Стојанова М-Нет