
Во посета на Штип денеска беше нејзината ексиленција госпоѓа Рејчел Галовеј, која оствари средба со градоначалникот на Општина Штип, Николов. Желбата да се запознаат и сооработуваат е взаемна, и на момент Штип да стигне до Британија и Британија да ја донесат во Штип. Проектите кои се на маса за работа во Штип со Еврпските и светски фондови беа тема на дискусија.
„Стана збор за една трговска соработка која што во последните неколку години се воспоставува меѓу Британија и Северна Македонија. Денеска направивме разговор и дојдовме до заклучок дека Штип како текстилен центар, како центар на кожната индустрија можеме да најдеме многу допирни точки со Британија и наместо да се фокусираат нашите компании со еден партнер з соработка, да имаат повеќе партнери во Германија, во Британија, во Австрија, во Франција…“ – истакна Николов.
Во наредниот период со тимот на нејзниата ексиленција госпоѓа Галовеј , соработка ќе се одвива во создавање онлај форум со сите штипски компании и сектори, со цел да се изнајдат комуникации и партнери во Велика Британија за започнување на една трговска, општествена економска и социјална соработка. Задоволство од посетата на Штип го изрази и Нејзината ексиленција госпоѓа Галовеј.
Освен посетата во Општината и средбата со градоначалникот, нејзината ексиленција госпоѓа Рејчел, оствари средба и со советниците на Општина Штип, како и посета на неколку текстилни фирми.
Лаура Стојанова М-Нет