
Брзо возење со мотори и автомобили и чести сообраќајни несреќи – ваква е речиси секојдневната слика на ул. Џемал Бједиќ во штипската населба Дузлак. Револтирани и особено зарижени се граѓаните како за себе, така и за своите мали деца, кој речиси секојдневно другаруваат на оваа улица. Пред камерите на М-Нет телевизија велат дека мора да се превземат мерки со што ќе се зголеми нивната безбедност велат тие.
Проблемот со кој се соочуваат секојдевно е тежок велат граѓаните и решение гледаат доколку се постави квалитетен таканаречен „лежачки полицаец“, со што ќе се намали брзото возење, а ќе се зголеми нивната безбедност.
Соогласно со ситуацијата, Општина Штип во разгледаниот случај истакна дека на самото место веќе има поставен лежачки полицаец и соогласно со законот за безбедност лежалки полицаец се поставува само во близина на училиште, детска градинка или спортско игралиште. Велат дека дополнително тие не можат да интервенираат, но децидни се дека граѓаните треба да работат повеќе на сообраќајната култура, бидејќи ова не е единствената улица на која се посочува овој проблем. И од СВР Штип, велат дека на улицата се интервенира за поголема безбедност. Апелираат учесниците во сообраќајот да бидат внимателни и да ги почитуваат на сообраќајните правила и прописи со цел заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
Лаура Стојанова, М-Нет