
Есенската полуетапа на второлигашнкиот Исток е веќе зад нас, играчите и раководствата одмараат, сите анализираат и веќе кројат планови за почеток на подготовки за вториот пролетен дел. Она што го карактеризира истокот и со што го започнуваме написот е новината што ни ја донесе симпатичниот клуб Росоман од истоименото место. Имено за прв пат во македонската фудбалска историја Драгана Костова стан жена – тренер на машка екипа. Тимот на Росоман е последен на 10 место со 8 освоени бодови и количник од 18 постигнати и 50 примени голови а Драгана Костова на кормилото на тимот дојде во финишот на есенскиот дел. Борбата за опстанок ќе биде голема бидејќи Плачковица е на 9 место со 11 бодови. Последните две екипи директно испаѓаат, додека тимот кој ќе го освои 8 место не е сигурен и ќе зависи од тоа кој прволигаш ќе испадне, дали во источната или во западната група. А на 8 место е прилепска Победа која има 3 бода повеќе од Плачковица, односно 14 бодови. на 7 место е тимот на Осогово со 19 бодови, додека 5 и 6 место го делат Каменица Саса, односно Слога со по 20 бодови . Најмногу изненади екипата на Кит Го која го освои 4 место со 22 бодови а најголемата сензација ја направи против Тиквеш кого го победи во гости со висок резултат 1:4. На 3 место е екипата на Кожув со 25 бодови, а тимот на Тиквеш е втор со 35 бодови, односно 7 помалку од Брегалница која е есенски лидер со 42 освоени бодови. Тиквеш имаше 10 победи, пет нерешени средби и еден тежок пораз од Кит Го Пехчево. Брегалница која веќе со едната нога е во Првата Македонска фудбалска лига оствари 13 победи и одигра три нерешени средби и без пораз има 42 бода со гол разлика 42: 11. Во оваа година Брегалница ќе го прослави големиот јубилеј 100 години од формирањето на клубот, се гради нова трибина и пласманот во Прва лига ќе биде најголемиот подарок за штипските фудбалски фанатаци да гледаат во следната сезона квалитетен македонски фудбал.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk