
Главниот град на Норвешка, Осло ќе биде во епицентарот на светските возбудувања од денес па се до 7 октомври каде што ќе се одржува Светското првенство во борење. Македонски претставници на ова СП ќе бидат борачите на Вардар Могамедгаџи Нуров кој ќе настапи во кат. до 97 кг. и борачот на Балканец Владимир Егоров кој ќе настапи во кат. до 57. кг. Тие подготовките ги изведоа во Русија и директно ќе патуваат за Осло а македонскиот дел од експедицијата ќе го сочинуваат тренерите Бобан Данов и Седат Бахтијар кои утре наутро од Скопје ќе отпатуваат за Осло. Според програмата Владимир Егоров треба да настапи на 3 октомври а Могамедгаџи Нуров на 4 октомври а противниците ќе ги дознаат вечерва кога ќе се изврши официјалното жребување.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk