
На протест со блокада на патниот правец од село Милино кон Лозово и Каратманово, жителите од овој крај бараат под инто да се санира патотот кој е уништен од тешки товарни возила и земјоделска механизација. Утринава во 6 часот започна блокадата на три пункта, и велат дека овде остануваат додека не добијат писмено ветување дека по завршување на жетвата овој пат ќе биде саниран.
„Блокадата на патот е оти патот е целиот искршен. Сакаме некој од општината да дојде и да го санира патот. Во ваква состојаба патот е подолго време, иако е саниран пред две години ама од коли нема проблем, ама од камиони е во катастрофална состојба.“ велат жителите.
За ситуацијата е запознаен и градоначалникот, ама од негова страна нема ниту одговор, ниту решение на проблемот. Ова е вторпат како го блокираат патот, и велат дека доколку не им се слушнат барањата на улица ќе бидат 24 часа.
„Градоначалникот да застане тука и да каже дали ќе го санира патот после жетва. “- прашуваат жителите.
Поддршка на протестот дадоа и жителите од Лозово. Велат дека стравуваат оти и нивниот пат може да биде во иста или слична состојба, оти возилата минуваат и одовде.

„Тие се во полно право, ама треба да дојде и градоначалникот ако е заинтересиран за своите граѓани да се најде алтернатива.“ – додаваат жителите на Лозово.
Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски во телефонски разговор за М-Нет телевизија посочи дека патниот правец Милино кон Лозово бил реконструиран пред две години, ама реконструкцијата била само на хартија. Додава дека затоа сега е во ваква ситуација, и вели оти за случајот ќе има вештачење и ќе биде запознаен јавен обвинител. Дали ќе се реконструира патот повторно не одговори, а повеќе информации најави за во среда.
Лаура Стојанова М-Нет