Благодарение на Аце од Штип и малата Мишела од Куманово доби нов топол дом

Под мотото „Подај рака, спаси живот“ успешно завршена уште една хуманитарна приказна на Александар од Штип, кој заедно со својот тим вратиja насмевка на лицето и на 11 годишната Мишела од Куманово. Сликата која таму можеше да се види пред 45 дена и онаа денеска се во крајност различни. Опремена со сѐ што е неопходно сега и Мишела и нејзината баба имаат простор за сосем нов поинаков начин на живот.

„Каква ситуацијата? Тоа беше една страшна, страотна глетка. Со багер неколку денови прво го чистевме просторот за да можеме да почнеме да работиме. Исфрливме околу 12 – 13 камиони смет. На роденденот на Мишела, на 27, започнавме со изградба на куќата. Морам да потенцирам дека и овде, како и на претходните мои хуманитарни зафати, хуманитарци – мајстори од Велес и од Штип помагаа за да завршиме уште една голема работа и да овозможиме уште една фамилија да живее достоинствено. Посебно, овде ми е драго што станува збор за 11-годишно девојче кое беше оставено на милости и немилост. Но благодарение на хуманите граѓани, на мојот тим успеавме да дојдеме до крајот и им ги предадов клучевите“, рече Александар.

За Аце важен е крајниот епилог, во случајов – нов живот за малата Мишела. Ова не е прва негова ваква хуманитарна акција, но вели сега малку му е потребен одмор.

Лаура Стојанова МНет