
По празниците на протест повторно изглегуваат членовите на БК Олимпија, овој пат пред Агенцијата за млади и спорт. Како што истакнаа од клубот за дискриминацијата која се врши на членовите на Олимипја тие ќе ја бараат правдата до крај. Од федерацијата не дозволуваат челнови на овој боречки клуб да учествуваат и да се натпреваруваат на домашни натпревари, што според нив е дискриминаторски. Заради тоа, членовите на БК Олимпија, но и останати клубови кои им даваат поддршка правадата ќе ја бараат пред Агенцијата за млади и спорт.
Првиот јавен протест на Олимпија се реализираше на седми април на полоштадот Слобода во Штип, а целата беше иста.
Лаура Стојанова М-Нет