
По три одиграни кола во Првата женска ракометна лига новајлијата Атлетик од Скопје е на врвот со два одиграни натпревари и две забележани победа или максимални четири бодови на своето конто.
Новакот во лигата беше слободен во првото коло, а двете победи ги забележа над Деспина и над Ѓорче Петров 2
Овче Поле од Свети Николе е втор со четири бодови, а од три меча има две победи и еден пораз. Екипата на Овче Поле беше подобра од Стружанка во Гости и дома со Шампион, а во првото коло загуби од Ѓорче Петров 2.
Деспина е со истиот учинок и има четири бодови, а по два бода имаат екипите на Стружанка, Ѓорче Петров 2 и Јехона, а без бодови на дното е Шампион без бодови.
Овче Поле има најмногу постигнати погодоци вкупно 104, а тимот од Свети Николе го има и најдобриот стрелц – Анастасија Сентовска има 28 постигнати погодоци на три натпревари, а два се од седум метри, а на второто место на листата на стрелци е Алтина Хасани од екипата на Јехона, која на три меча има постигнато 27 погодоци, но седум се од линијата за седум метри.
Во следното коло екипата на Овче Поле ќе игра дерби со Јехона на гостински терен, Ѓорче Петров 2 го очекува тежок дуел против Деспина, а пак Стружанка ќе игра против фаворитот Атлетик.
Во рамки на четвртото коло слободна ќе биде екипата на Шампион.
Александар Ванев, М-Нет