Армијата од денеска се очекува да се вклучи во обезбедување на здравствените институции. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во главниот град, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес и други здраствени објекти. Целта на ангажирањето на армијата е да се овозможи секоја болница, секоја клиника во Скопје да може да смета дека докторите, медицинските сестри и пациентите се заштитени и дека тоа е работа на полициајта и армијата сега.
Разговаравме дека директното обезбедување со редарска служба најверојатно ќе го организираме со еден дел од поранешните професионални војници кои сеуште работат во министерството за одбрана и тие ќе бидат првата линија на подршка. Тие се разбира нема да бидат во униформа и без оружје но ќе обезбедат малку повеќе ред и информации за граѓаните. Се согласивме дека одреден број на санитетски возила со возачи од страна на армијата ќе бидат одстапени на некои болници и на клиниките во Скопје така што и тоа е второ ниво на подршка која ќе ја понудиме.
Во земјава вкупно хоспитализирани се 1297 пациенти. Во претходното деноноќие во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а во главниот град 486 лица. Од хоспитализираните голем дел се на кислородна поддршка. Најмногу пациенти во Скопје се лекуваат во ГОБ „8 Септември“-108 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти. Коронакризата, покрај другите негативности, донесе и зголемен бројот на случаи на семејно насилство, според резултатите од Клиниката за психијатрија.