
Зимската фудбалска пауза се користи за средување на впечатоците по напорната есенска сезона, се прават анализи, се проверуваат и се исправаат евентуалните слабости и тактички грешки и се класифицираат најдобрите поединци и клубови. Статистички гледано на Истокот се играше допадлив, интересен, возбудлив и со атрактивни голови зачинет фудбал. Гледајќи ги прецизните статистики најдобар, најпрецизен со нишански справи или најефикасен голгетер на истокот беше фудбалерот на Малеш од Берово Андреј Симевски. На 11 натпревари кои се одиграа во есенскиот дел, Андреј Симевски постигна вкупно 11 голови и е најефикасен на Третата фудбалска лига – Исток. Еве го редоследот на најефикасните во есенскиот дел:
- Андреј Симевски, Малеш – 11 голови
- Александар Илиев, Брегалница – 9 голови
- Ване Новков,Тиверија – 8 голови
- Филип Бојаџиев, Чешиново – 7 голови
- Дарко Пешовски, Брегалница – 6 голови
- Илија Ристов, Спартмани . : .
- Наум Блажевски, Хоризонт . : .
- Томи Станоевски, Брегалница . : .

Во Втората Македонска фудбалска лига – Исток најефикасен во есенскиот дел е Симеон Христов од екипата на Тиквеш од Кавадарци кој на 16 натпревари постигна 10 голови. Еве го редоследот на најдобрите стрелци во есенскиот дел:
- Симеон Христов, Тиквеш – 10 голови
- Мартин Стојанов, Брегалница – 9 голови
- Андреј Кудијан, Брегалница – 7 голови
- Ристе Наумов, Брегалница . : .
- Антонио Бујчевски,Слога . : .
- Сашо Дуков, Каменица Саса . : .
- Стојанчо Велинов, Осогово . : .
4. Дарко Алексовски, Кит Го Пехчево – 6 голови
Наскоро фудбалерите ќе започнат со подготовките за претстојниот пролетен ден во кој првенствените натпревари ќе започнат при крајот на месец февруари. Па да им посакаме успешни подготовки и натпревари бериќетни со атрактивни голови.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk