Акциска контрола во Скопје: 128 санкционирани возачи вчера, 102 за брзо возење

Вчера во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извести МВР.

„Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, додаваат од МВР.

Текстот Акциска контрола во Скопје: 128 санкционирани возачи вчера, 102 за брзо возење е превземен од МАКФАКС.