
Со започнување на училишната година се поклопи и започнување на тренажната дејност на џудо клубот Гладијатор од Кочани. Според информациите од Драган Шеќероски тренинзите на џудистите ќе се одвиваат во редовните три термини неделно и тоа во понеделник, среда и петок во просториите на Основното Општинско Училиште „Малина Поп Иванова“. Воедно вратите на клубот се отворени за сите оние кој го милуваат овој спорт кој добива се повеќе на популарност и ќе се врши упис на нови членови. Новата сезона ќе биде под строга контрола за почитување на ковид мерките за заштита на сите членови а раководството на клубот подготвува имплементирање на нов проект за прв пат пред кочанската јавност. Имено се работи за изведба на Кати (борба со замислен противник) и натпревар во Кати под менторство на ДАН комисијата при Џудо Федерација на Македонија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk