
Ќе се реконструира кровот на инфективно одделение во штипската клиничка болница, како и возобнови физикалната терапија. В.д директорот Владко Захариев, вели дека веќе е во тек адаптацијата на модуларната болница за амбулантите на мој термин, а во тек е и адаптација на ургентниот центар. Болницата исто така е во преговори со локалната самоуправа за се отвори уште еден пристап за пациентите.
“Веќе со оспособувањето на овие пристапи, следни градежни активности кои што ќе ги имаме во круг на болницата. Во тек веќе адаптација на модуларната болница за амбулантите на мој термин, сега во моментот сме во преговори со локалната самоуправа и градоначалникот да се отвори уште еден пристап за пациентите. Во скоро време ќе се отпочне со процедура за адаптација на ургентниот центар. Имаме и други реконструкции, како што е реконструкција на кровот на инфективно одделние. Во блиска иднина ќе има и реконструкција во физикалната терапија, ќе се подобрат условите за амбулантите и соблекувалните кај пациентите. Тоа се тие градежни активности што ги планираме за оваа година.“, вели Захариев
Другите активности на болницата се набавка на апарати, како дезинтометар, апрати за операција, респиратори и транспортни респиратори, додава Захариев
Апаратите се ставени во планот на болницата и истите во преговори со фондот за здравство се одобрени, но не се влезени во буџетот. За оваа инвестиција ќе бидат потребни над 100 милиони денари.
Иван Митев, М-Нет