Ќе се прави ли барем пинџур оваа година или теглите остануваат празни ?

Ајварот луксуз, пинџурот последна надеж. Иако поевтина варијанта и по време и по џеб, сепак малкумина се решаваат да прават. Пипер има, рецептот едноставен, народот вели, волја немаме за ништо, слабите месечни примиња причина за ваквата реакција. Некои сеуште мерат на вага и сметаат масло, дрва, тегли, па се прашуваат дали и пинџурот вреди да се прави?

Рецептот постарите го знаат и во сон, го запометиле од своите мајки, а го пренесуваат и на помладите, ама тешко некој дека ќе го прави.

Инаку, за оние што ќе прават пинџур овој викенд, пипер и домати купија од штипскиот пазар под цена од околу 50 денари за килограм. Велат дека иако ајварот е скап, сепак оваа година барем пинџур ќе има на рафтовите во подрумите.

Иван Митев, М-Нет