
Недостигот на работници и слабиот одзив на партнерите од странство за нови порачки ја оставија текстилната индустрија на колена. Работодавачите бараат начин да најдат спас и излез од кризата која изминатите години постои и во оваа гранка. Ангел Димитров од Организацијата на рабтодавачи вели дека веднаш по формирањето на новата Влада ќе разговараат и ќе побараат да биде донесен Закнот за ослободување од придонеси на порастот на плати.
„Што од новата Влада – треба да се формира Владата па да видиме какви барања. Ние многупати до сега сме барале олеснувања во вид на намалување на даноци и приноси на нашите работници. Претходната Влада имаше ветување дека ќе донесе нов Закон за ослободување од придонеси на порастот на платите, сега ова ќе се разговара и со новата Влада“ – вели Димитров.
Ако се донесе ваков Закон тоа ќе значи олеснување за фирмите, а товарот од покачувањето на платите ќе падне на товар на државата.
„Тоа ќе значи дека вештачкиот и политичкиот начин на покачување на платата ќе падне на товар на државата.„ – додава Диимитров.
Димитров посочи дека најавата за отворање на нова фирма во штипската ТИР зона преставува старв за нив дека дополнително ќе останат со уште помалку вработени.
Лаура Стојанова М-Нет