Поставени нови заштитни столпчиња на тротоарите со цел да не се паркираат возила на нив

Паркираните возила на тротоарите како и небезбедното одење на учениците до училиштата се чести проблеми со кои се соочуваат жителите од населбите „8 Ноември“ и „Автокоманда“ во Штип. Заради тоа се поставени заштитни столпчиња со што ќе се овозможи непречено движење на пешаците а со тоа ќе се намали и паркирањето на автомобилите на непрописни места.

„Јавното претпријатие „Стипион“ во изминатите денови поставуваше заштитни столбчиња на неколку локации на овие населби, на булеварот „ЈНА“ и улицата „Енѓелсова“ во „8 Ноември“ и на улицата „Сутјеска“ во Автокоманда. Ќе продолжиме и понатаму да поставуваме заштитни столбчиња на сите новоуредени тротоарски површини во централнотто градско подрачје и на улиците со голема фреквенција на сообраќај.“ вели Стефановски

Во оваа прилика директорот Стефановски апелираше до граѓаните да ги паркираат своите возила на обележаните места се со цел да ги ослободат тротоарите и да се овозможи слобода во движењето на пешаците.

„Апелирам до возачите да ги паркираат своите возила соодветно на местата за паркирање и да ги ослободат тротоарите да можат пешаците слободно да се движат по нив. Во план е поставување на новоуредените тротоарски површини кај маркетот Елкос и на сите новоуредени тротоарски површини во следниот период кои што ќе се уредуваат.“ посочи Стефановски

Анкетираните граѓани за М-Нет телевизија едногласни дека возачите се паркираат на непрописни места, најчесто тротоарите и со тоа го отежнуваат движењето на пешаците.

„Како и штипјани кога одат некаде има почитување од страв едноставно дека ќе ги казнат. Иначе тука наши, ваши знаеш како е тоа фукнкционира со децении. Така да горе доле менталитетот ни е тој.“

„Замисли на раскрсница како е положил тај не знам. Па јас мислеше да пријавам да ви кажам право затоа што во Исаро не можеш да се качеш, треба да вртеш нагоре.“

„До народо е тоа, тоа е до шоферо, не треба да се паркира там, дека е обележано таму.

„На тротоарите се паркират повеќе и нема ние пешаците каде да одеме.

„Треба да има казни кај нас изгледа не се спроведува тоа и на нив им одговара тоа и се паркират дека треба и дека не треба.“

Сето ова е всушност показател дека сообраќајната култура како воопшто и да ја нема, правилата и прописите речиси и не се почитуваат. Поставувањето на заштитни столпчиња е еден од начините преку кои тротоарите ќе останат слободни за пешаците.

Лаура Стојанова, М-Нет