Јорданов: Штип станува втор главен град во државата по однос на манифестациите

Музика, храна, голем број граѓани и позитивни вибрации се резултатот од овогодинешното прво издане на фестивалот за храна кој се одржа во Штип. Изминатиот викенд шеталиштето Ванчо Прќе беше центар на случувањата, а задоволството ретко некој можеше да го сокрие.

Овај фестивал освен во Скопје, за првпат годинава се организира и во Штип.

„Бев позитивно изненаден од реакцијата, од вниманието и односот на сите чинители, се продадоа илјадници оброка. Од догодина ќе влеземе поорганизарано со повеќе угостители кои ќе земат учество на овој настан. Освен во Скопје, втор град во кој се организара овој фестивал е во Штип.“ – вели Јорданов.

Подготовките во наредниот период се насочени кон организирање на Д Фестивал, настан кој исто така за првпат годинава се организира во Штип под отворено небо. Денови на модата, пастрмалијада, Макефест се само дел од настаните кои го прават Штип како втор главен град во државата.

„Оваа недела ќе имаме прес конференција со најава на програмата, на изведувачите кои ќе бидат дел од „The festival“, Денови на модата, ги имаме пастрмалијадата. Штип прераснува како еден центар во Истокот, како втор главен град во нашата држава по многу аспекти. По однос на манифестациите ретко кој град може да се пофали со толкав број на настани и манифестации во една годин“ – додава Јорданов.

Сите настани и фестивали кои се организираат за првпат во Штип се со тенденција да прераснат во традиција и да се организираат и во иднина. Со тоа граѓани имаат поголеми можност да уживаат во сопственото место на живеење.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет