
Ваква беше сликата денеска во село Шашаварлија штипско откако градоначалалникот Јорданов и доректорот на ЈП „Исар“, Коцев на терен потенцираат дека проблемот со водата за пиење е надминат. Ваквата изјава на надлежните и реалната слика на терен ги скара жителите кои беа посочени од страна на градоначалникот да дадат изјава пред медиумите и оние кои надвор од изјавите рекоа дека мака мачат со немањето вода во селото.
Јорданов во оваа прилика истакна дека водата за пиење се краде и затоа ја нема, па децидно кажа дека ќе следуваат кривични пријави против жителите кои си ги наводнуваат нивите со водата за пиење.
„Доколку друг некој селанин бесправно ја користи чистата вода за пиење за наводнување на бавчите. Вода има за цело село ако се користи рационалано“ – вели Јорданов.
Посетата на наделжените во село Шашаварлија не ги спречи жителите и денеска повторно да си ја кажат маката, со надеж дека проблемот ќе се реши.
Денешната посета на Јорданов во Шашаварлија беше по прилогот на М-Нет телевизија во кој жителите се жалеа на неколку ветени а неисполнети аспекти поврзани со водата за пиење. И денеска нагласија вода немаат постојано, бунарот е неисполнето ветување, а на терен колку е чиста водата не ни проверија.
Лаура Стојанова М-Нет