Јорданов со апел до управителите и станарите на колективните згради за поголема одговорност, општинските инспектори ги засилуваат контролите

Одржувањето и реконструкцијата на внатрешните инсталации во колективните станбени згради во Штип не се во надлежност на Општина Штип, туку обврска на управителите на зградите. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека општината нема законска можност да врши реконструкција или одржување во внатрешноста на приватен имот. Во регистарот на Општината, тој рече дека има околу 400 колективни станбени единици, од кои голем дел се постари објекти со застарени внатрешни инсталации. Јорданов најави дека локалната самоуправа ќе им помага на граѓаните и ќе реагира во случаи на евентуални злоупотреби, нелојална конкуренција и нерегулирани цени од страна на управителите.

„Како локална самоуправа ќе бидеме посредник за сите проблеми кои настануваат во рамки на станбените згради. Штип е град кои има голем број на станбени згради некаде околу 400 колективни станбени единици имаме во регистерот на Општина Штип. Голем дел од овој регистер се постари згради, колективни со застарени внатерешни инсталации. Овие застарени внатрешни инсталации за тековно одржување и реконструкција, со оглед на тоа што се приватен имот, се обврска на управителите на овие станбени зград и Општина Штип нти јавните комунални претпријатија немаат законска можност да реконструираат во внатрешноста на нечиј приватен имот, туку имаме надлежност да бидеме посредници помеѓу граѓаните и управителите. Од друга страна стоиме на располагање како институција да ги заштитем граѓаните од нелојална конкуренција и од неригулирани пазарни цени кои тие ги плаќаат кон управителите и приватните компании кои по закон се одржувачи на колективните згради.“, кажа Јорданов

Јорданов истакна дека тие како општина искомуницирале со регулаторна комисија за домување, која што на следната седница на управен одбор на ЗЕЛС ќе ја отвори оваа тема. Јорданов посочи дека граѓаните треба да бидат информирани за своите права и обврски во колективното домување.

”Искомуниравме веќе со регулаторна комисија за домување, која што на следна седница на управен одбор на ЗЕЛС ќе практично отвори оваа тема и прашање за да се утврди цената која што граѓани ја плаќаат кон приватните управители на колективнтие згради, а одруга страна да бидат информирани за правата и обврските кои ги имаат во едно колективно домување. Затоа што на дневната основа се случува да имаме причинско поселдични работи кои оставаат цели населби без вода или ја загрозуваат безбедноста на станарите во рами на едно колективно домување кое што во 21 век не смее да се дозволи. , подвелче Јорданов

Како што потенцираше штипскиот градоначалник Јорданов, Општина Штип ќе биде подсредник, но и онаа која што ќе ги стимулираа овие работи да се надминат. Дополнително преку јавното комунално претпијани ќе инвестираат секоја колективна зграда да има посебен вентил и инсталации, за кога ке има некаков проблем , истиот се излоира од останатите згради и населби.

Иван Митев, М-Нет