Јорданов: Кочницата за издавање на општинска обврзница од Владата е срам за државата!

И покрај добивање на сите согласности од страна на релевантни институции за издавање на општинска обврзинцата, сепак оваa точка не поминува на две последователни седници на Влада. Според градоначалникот Јорданов, ова е проблем бидејќи се крати можноста општината да се развива и да се работи на капитални проекти.

„Ги проследивме сите потребни одлуки, ги добивме сите потребни согласности од страна на релевантни институции и Министерство за финансии, го вративме долгот кој претходно општината го имаше кон министерство за финансии и она кое требаше да биде техничка одлука, да се проследи на Седница на Влада за нас е проблем затоа што веќе две послдователни седнци на Влада, точката со којашто треба да се донесе одлуката за издавање на обврзница од страан на Владата се трга од дневен ред, без објективни причини.“ кажа Јорданов.

Ова е срам за една држава која се декларира кон европските вредности, истакна Јорданов на прес конференцијата пред Влада. Очекува да надвладее разумот и на наредната седница на Владата на дневен ред да се најде и оваа точка. Во спортивно според него се казнуваат граѓаните и град Штип.

„Ова е преседан, ова е срам за една држава којашто се декалира дека се стреми кон европските вредности, затоа што сите европски држави издаваат обврзиници за развој на истите. Општина Штип по примерот на европските општини одлучи да го направи ова, но дефинитивно имаме политички причини заради кои сме ускратени во правото и можноста да исфинансираме капитални проекти. Очекувам да преовладува разумот, го повикувам премиерот да на следна седница на Влада ја стави точката за конечно да се издаде општинската обврзница и со тоа да се реализираат предвидените проекти.“ – додава Јорданов.

Според Јораднов ова се должи на фактот дека во Општина Штип, градоначалникот и советниците се од друга политичка партија спротивна на онаа во Влада.

Лаура Стојанова М-Нет