Штип ќе остане без прволигашки футсал? Тешка борба за опстанок на Мал Ајакс во Прва лига!

На четири кола до крајот во Првата футсал лига веќе Проект и официјално стана нов шампион, а сега фокусот ќе биде дали Мал Ајакс од Штип и дебитантот Балкан ќе изборат опстанок во Прва лига.

Балкан е во најтешка ситуација, тимот е на дното со девет бодови и има шест негатива од зоната за директен опстанок, а до крајот во игра се 12 бодови. Па веќе јасно станува оти Балкан ќе има репризно учество во елитата.

Мал Ајакс е претпоследен со 10 бодови со пет бодови негатива од зоната за директен опстанок.

Веќе во следното 15 коло Мал Ајакс ќе мора да ги освои бодовите против Шкупи ако сака сериозно да се надева на опстанок во елитата, а пак Балкан ќе игра против Осогово во Крива Паланка и од овој меч ќе зависат многу нешто.

Во рамки на 16 коло Мал Ајакс ќе игра дерби во Штип со Осогово од Крива Паланка, ова ќе биде последна шанса за штипјани за опстанок, со пораз веќе ќе стане јасно од Штип следната сезона нема да има прволигашки футсал. Тимот на Балкан во рамки на оваа коло на домашен терен ќе игра со фаворитот Бутел, пораз за Балкан ќе значи и Втора лига од следна сезона.

Во рамки на 17 коло Мал Ајакс ќе игра со Бутел во гости каде тешко ќе биде за освојување на бодови, а Форца ќе го пречека Балкан.

Во рамки на последното 18. коло Мал Ајакс дома ќе игра со Форца, а Балкан со Јувентус Серава.

Осогово е осми на табелата со 15 бодови, пет повеќе од Мал Ајакс и шест повеќе од Балкан кои се во зоната за директен испаѓање во Втора лига, а пак Јувентус Серава е седми со 16 бодови.

Александар Ванев, М-Нет