
Со громогласни аплаузи, добра музика и одлична новогодишна атмосфера одржан спектакуларниот новогодишен концерт на ДМУЦ Сергеј Михајлов во Штип. На истиот учество зедоа учениците и средношколците од ова училиште, а на програмата од истиот нудеше можност за сечии вкус и уво. Директорот Илија Ќосевски за многубројната публика истакна дека концертот е од голема важност за училиштето и истиот е должност да се негува секоја година. Додатно се заблагодари за несебичната подршка на публиката која сиве овие 13 години го подржува ваквиот концерт.
На концертот меѓу приустните присуствуваа познатиот Симон Трпчевски, министерот за култура Зоран Љутков, градоначалникот Иван Јорданов, како и митрополитот брегалнички Иларион, па тоа претставуваше чест и за диреигентот Тоше Митрев да го води самиот концерт.
Инаку, концертот се одржа во концертната сала при НУ Дом за култура Ацо Шопов во Штип на во временскиот период од 24 и 25 декември, а ексклузивно истиот сите ќе можат да го проследат на програмата на М-нет телевизија во пресрет на празниците кои што предстојат.
Лаура Стојанова, М-Нет