
Денес со останатите пет натпревари беше комплетирано 19. коло од Првата македонска фудбалска лига или прво пролетно коло.
На стартот од пролетната полусезона убедлива победа забележа екипата на Шкупи со двата гола на Гроннер и голот на Кристијан Трапановски запиша триумф од убедливи 3:0 над охридска Воска Спорт.
Во Кратово екипата на Брера Струмица во финишот дојде до минимален триумф од 0:1 над Силекс со голот на Урош Стамениќ и запиша важна победа.
Погодоци немаше на средбата меѓу Работнички и шампионт Струга (0:0), а исходот беше поделба на бодовите.
Во Штип се одигра големото дерби меѓу Брегалница и Тиквеш важен меч и за двете екипи во борбата за сигурен и директен опстанок.
На дербито во Штип екипата на Тиквеш преку Едиз Спахиу прва дојде до водство од 0:1, а потоа “сините” преку Ѓорѓи Ѓорѓиев израмнија на 1:1 и се вратија во игра за трите бода.
Во финишот на мечот “сините” на Горан Здравков направија комплетен пресврт на конечни 2:1 со голот на повратникот Пепи Ѓоргиев за ерупција на Градскиот стадион во Штип, по што започна прославата за голема победа.
Шкендија со 0:2 славеше над Македонија ЃП на гостински терен, а до триумфот стигна со двата гола на Еннур Тотре.
Колку за потсетување како што објави вчера телевизија М Нет на воведниот меч од оваа 19. коло Гостивар и Вардар ги поделија бодовите играјќи 1:1.
Александар Ванев, М-Нет