Штип горд на младите кошаркарски Нина Дојчинова и Ангела Илијева: Ќе ги бранат боите на македонската репрезентација

Женскиот кошаркарски клуб Тим Арена од Штип уште еднаш потврдува зошто е расадник на млади и талентирани кошаркарски, а потврда за тоа се младите и талентирани кошаркарки Нина Дојчинова и Ангела Илијева.

Двете кошаркарките ќе бидат дел од младинските репрезентации на Македонија.

Нина Дојчинова е дел од македонската репрезентација, и ќе учествува во рамки на ФИБА проектот за развој на млади и талентирани кошаркарки до 16 години, кој ќе се реализира во Турција во период од 22 до 27 јуни. Инаку, Дојчинова која е член на македонската репрезентација до 14 години на претходните два турнири во Косово и Романија статистички беше еден од најдобрите во репрезентацијата.

Ангела Илијева ќе ги брани боите на македонската репрезентација до 14 години. Младата кошаркарка од Штип заедно со националниот тим заминува на подготовки.

Женскиот кошаркарски клуб Тим Арена кој се натпреварува во Втората лига во сениорска конкуренција, активно е посветен на младинските категории од каде произлегуваат многу талентирани кошаркарки со кои се храни и самата репрезентација, а доказ за правилната и системска работа во клубот од градот под Исарот се токму Дојчинова и Илијева.

Александар Ванев, М-Нет