Штип горд: Каратистот Љупче Михајлов со златен медал, таеквондистка Душица Бреслиева со сребро!

Штип е горд на своите млади и успешни спортисти кои бележат големи резултати и го афирмираат градот под Исарот на светската спортска мапа.

Каратистот Љупче Михајлов од карате клубот Штип ја освои титулата државен прва во сениорска конкуренција и со тоа обезбеди настап на Европското сениорско првенство. Михајлов кој беше избран за спортист на град Штип за 2025 година како што тогаш најави за М Нет телевизија продолжува да нижи големи резултати и да биде дел од најголемите натпреварувања.

Михајлов кој е член на карате клубот Штип до златниот медал стигна преку три неизвесни и исклучителни борби, но тоа што штипјанецот помина низ успешни подготовки заедно со тренерите браќата Сашко и Жарко Арсовски се потврди на крај со голем успех.

Михајлов сега фокусот ќе го стави на Европското првенство, каде ќе оди по освојување на европски медал.

Голем резултат забележа и Душица Бреслиева која освои сребрен медал на силниот G1 турнир во Сокпје, каде во конкуренција јуниорки до 55 килограми стигна до втората позиција.

Бреслиева која е член на таекводо клубот Штип важи за голема надеж на македонското таеквондо, а работи со тренерите браќата Сашко и Жарко Арсовски.

Бреслиева до финалето стигна откако триумфираше во борбите против репрезентативки на Бугарија и Грција, а во финалето беше поразена од натпреварувачка на Хрватска, со резултат од 2-1, во меч кој беше израмнет, а каде Бреслиева покажа одлична борба.

Одлични настапи забележаа и Паола Арсовска и Антонио Арсовски, кои стигнаа до четвртфиналните, иако забележаа минимални порази, сепак прикажаа добри борби и во иднина ќе целат кон уште поголеми резултати. Бреслиева важи за голем талент на македонското таеквондо.

Александар Ванев, М-Нет