
Штип ќе биде домаќин на петтата меѓунардона конференција во рамки на проектот спринг солидарност во акција. Тема на проектот е солидарна соработка во неколку области, здравство, образование и волонтерство со цел да се зајакне чувството во заедницата на сите нивоа. Во проектот има учесници од седум држави, а ќе се релаизира во текот на наредните три денови.
„Целта на проектот е промоција на волонтерството меѓу младите, развој на мрежа на градови и меѓунардона соработка во областа на солидарноста, дефинирање на најдобри практики. Партнери во проектот се осум организации, учесници дури од седум држави, Италија Шпанија, Бугарија, Полска, Македонија, Франција и Германија. Конкретна тема на проектот кој ќе се оддржи во нашата општина е здравството во време на ковид криза“ – кажа Јорданов.
Со реализиација на овој прокет Општина Штип има можност да ги искористи придобивките и да ги зацврсти односите со сите учесници од седумте земји, истакна Јорданов. Истовремено тој додаде дека претставници од Штип веќе зеле учество на конференција во Полска.
„Веќе зедовме учество во Полска, наши претсатвници од Општина Штип беа присутни на конференција во рамки на овој проект кој се оддржа во Полска, така да она кое го опфаќа проектот е учество на претсатвници од Општина Штип во различни држави, но овој пат ние сме домаќин и во наредните три дена конференцијата ќе се оддржи во Општина Штип“ – додаде Јораднов.
Времетраењето на прокетот е 24 месеци, од први април 2021 година до 31 март 2023 година. Предвидени се осум меѓунардони состаноци, обезбедени се 148 илјади евра, а прокетот е финансиран од Европската унија и е дел од програмската компонента Демоктраско општество и ангажман мерка два.
Лаура Стојанова М-Нет