
Штипјани со гордост го чествуваат денот на македонската револуционерна борба 23 октомври. За М-нет телевизија анкетираните истакнаа празникот денешен има големо значење, особено од историски аспект. Велат дека ако човек не ја познава историјата, тогаш не знае кој е и од каде потекнува, па заклучно со новите генерации децидни се тие за тоа дека е слаб интересот за подлабоко запозавање со историјата.
“Ако ништо не знаеме за историјата, тогаш не знаеме кој сме и што сме.“, додаваат граѓаните. Важно е како не е, историјата мора да се знае, затоа што почетокот на лозата кога го знаете коренот.“, истакнаа граѓаните.
Според граѓаните најмногу треба да се работи на историјата во училиштето, затоа што од таму тие стекнуваат најмногу знаења.
“Треба во училиштата да им кажуваат, да имаат час.“, додаваат граѓаните
Празникот се празнува по повод основањето нa Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.
Лаура Стојанова М-Нет