
Во пинг-понг суперлигата се одиграа натпреварите од второто и третото коло каде штипските пингпонгарите на Шампион ФА запишаа две победи.
Во рамки на 2. коло Шампион ФА славеше над Крива Паланка голема победа од 2:4, Младост 96 го декласираше Телеком Нец 2, Берово загуби од струмички Астраион со резултат од 1:4, Младост беше декласиран од Пелагонија со 1:4, а пак Вардар беше подобар од Радовиш со 4:2.
Во рамки на 3. коло екипата на Радовиш беше убедливо поразена од Телеком Нец 2 со резултат од 1:4, Младост 96 го збриша Берово со 4:0, Астраион забелажа висока победа од 4:0 над Младост, Пелагонија претрпе пораз од фаворитот Крива Паланка со резултат од 2:4, а пак штипски Шампион ФА со 4:1 го декласираше Вардар.
Во однос на табелата Младост 96 и Шампион ФА имаат три од три и максимални шест бодови, Астраион, Пелагонија, Крива Паланка и Телеком Нец 2 имаат по пет бодови.
Вардар на своето конто има четири бодови, а без победи, а со по три бодови се екипите на Радовиш, Младост и Берово.
Александар Ванев, М-Нет