
Сметките за струја ги остави граѓаните со отворена уста среде ноември во Штип. Високи дури по 3000 и 4.000 денари, иако клими се вкучуваат скромно, најмалку што може. Граѓаните на терен велат се греат по малку, колку да ги издржат ладните утра и вечери, но бројките на сметките сепак растат. Загрижени се тие, а стравот од студените месеци е сè поголем. Во нив само прашањето дали ова е само најава за уште потежок декември и јануари?
Штипјани ги користат и последните сончеви денови за да заштедат струја, но и тоа не помага, сметките се искачуваат
Граѓаните во Штип со загриженост гледаат кон претстојната зима, стравувајќи од уште повисоки сметки. И покрај штедењето и внимателното користење на струјата, трошоците постојано растат. Сè погласно се поставува прашањето како ќе се издржат студените месеци што допрва доаѓаат.
Иван Митев, М-Нет