Штипјани во ,,борба” со високите цени за да си овозможат летен одмор, постарите помагаат

Плиток џеб, а желбата за одмор голема. И покрај високите цени и тенките паричници, граѓаите во Штип се уште сонуваат за неколку дена бегство од секојдневието. Тие се децидни ако се штеди, може би ќе има за море. Во оваа борба со цените, се почесто постарите ја играат клучната улога – да помагаат на децата и внуците, за да не останат без одмор. Така, одморот станува семејна мисија со малку надеж, многу сметки и уште повеќе љубов.

Кога се во прашање пензионерите, тие едногласни дека слабите пензии не дозволуваат подалеку од Штип. Велат дека ќе бидат среќни доколку нивните деца отидат на одмор годинава.

И додека постарите помагаат, младите најчеснто ќе патуваат до Грција, Албанија и Турција. Повозрасните велат дека со заштеда, скромно, ама сепак херојски и оваа година внучињата ќе се капат во езерата и морињата.

Иван Митев, М-Нет