
На 22.06.2021 во 15.00 часот во СВР Штип, 35-годишен штипјанец пријавил дека бил измамен од едно женско лице за одредена сума на пари. Според пријавеното, на почетокот на годината стапил во контакт со лицето преку апликацијата месенџер и по некое време му побарала фотографии од неговата лична карта, трансакциска сметка и здравствена легитимација за да може нејзин роднина од Канада да ѝ испрати парични средства бидејки нејзината сметка била блокирана. Како што е пријавено, во текот на април 2021 година во неколку наврати од негова сметка извадил пари и ѝ ги испратил по такси возило. Исто така, според пријавеното, за тоа дека бил измамен и дека му биле злоупотребени неговите лични податоци дознал откако по пошта му било доставено писмо за неподмирени доспеани долгови од финансиско друштво. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.