Штипјанецот Јоце Панов – чувар на македонската народна песна

Македонската музика доби нова доза живот благодарение на штипјанецот Јоце Панов, поп пејачот кој со многу емоции, достоинство и љубов и дава нов живот на старите македонски песни. Познат по својата богата кариера на сцената, Панов во последниот период се почесто се впушта и во изведба на безвременски македонски народни песни. Неговиот глас и искрен пристап ја доближуваат традицијата до новите генерации, покажувајќи дека вистинската уметност нема граници.

Со интерпретации на легендарни песни како „Море сокол пие“ „Битола мој роден крај“ и сл, Панов покажа дека е не само поп пејач, туку и чувар на македонското музичко наследство. Иако неговиот стил е поп музика, со голем мотив и љубов, тој продолжува да ја негува и промовира македонската песна, покажувајќи дека добриот глас и искрената емоција можат да бидат мост меѓу модерното и традиционалното.

Јоце Панов останува доследен на својата уметничка мисија – да создава музика со душа, да биде верен на својот народ и да ја слави македонската култура преку секоја изведба. Најновите изведби на Панов беа крунисани и со настап во салата на Македонската филхармонија – уште една потврда за неговото место на македонската музичка сцена. Со својата искреност, глас и љубов кон традицијата, Јоце Панов останува силен симбол на македонскиот музички идентитет – уметник кој не само што пее, туку и живее за македонската песна.

Иван Митев, М-Нет