Штипјанецот Симеон Кожухаров 74 години е фотограф во истокот, неговата желба и денеска е присутна

Познатиот штипјанец Симо Кожухаров, или во народот познат чичко Симо е фотограф од далечната 1950 година. Гледајќи стари фотографии кои неговиот брат ги носел дури од Љубљана Словенија, започнала неговата желба и тој да слика. Со изреката за секоја работа е потребно љубов, како што знае да рече тој, неговата желба за сликање и ден денеска е на почетокот од секој нов ден, па затоа и денес тој е присутен на секој свечен настан во градот под Исарот.

“Јас имав брат што учеше во Љубљана средно фискултура. И кога доаѓаше овде донесуваше слики, тој е тој мој прв интерес, а потоа кога станавме ергенчиња млад веќе имавме ние во прва година од осум годишна гимназија, значи во петти клас така наречен фотографија. И се сеќавам на познатиот мајстор Мирче, тој ни држеше часови и од тогаш започна мојата определена желба за да и јас се занимавам со тоа.“, истакна Кожухаров

Првите фотоапарати кои биле донесени во градот под Исарот се од групи од штип кои тоа време оделе во посета на Русија и истит биле во црно бела боја додава Кожухаров.

“Инаку, мојата прва слика е оваа од 1957 година. Тоа е градскиот парк, каде денес се наоѓа Домот на Културата, каде имаше парк со фонтана, фонтаната имаше и риби, а ова е многу интересна скулптура.”, додава Кожухаров

Инаку, Симеон Кожухаров е роден 1941 година на 25 август од скромно занаетчиско семејство од татко кондураџија а мајка килимарка. Тој бил првиот војнички трубач, како единствениот војник со завршено музичко училиште. Бил во класата на диригентот Сергеј Михајлов и на првиот професор по дувачки инструмнети Методи Докузов. Фотограваството е неговото хоби кое го негува и ден денес по кое тој е претпознатлив во околината.

Лаура Стојанова, М-Нет