Штипјанецот Делчо Сандев има изгледано над 15 000 филмови, љубовта кон филмот трае од 1959 година

Штипјанецот Делчо Сандев во својот живот има изгледано над 15 илјади филмови, кои почнал да ги гледа уште од далечната 1959 година. Од тогаш до денес, вели, гледа нон-стоп – американски, германски, француски и италијански филмови. Делчо за секој филм си запишува во тетратка кој е режисерот, кои се глумците и како се вика филмот. Така, низ годините, се собрале илјадници наслови и тетратки полни со филмски белешки. Вели дека ќе продолжи да гледа филмови сe додека го служи здравјето и додека има добри филмови.

Делчо е деициден дека треба и во Македонија да се снимаат нови филмови. Вели дека има наши приказни и луѓе кои можат да направат добар филм, само треба да има повеќе можности за снимање.

Кога се во прашање турските серии, карактеристични за пензионерите, Делчо вели дека воопшто не ги гледа. Рече дека не му се интересни и не му го одвлекуваат внимание. Повеќе сака да гледа филм со добра приказна и добри глумци.

Инаку, овој повозрасен штипјанец вели дека од филмовите може многу да се научи и дека секој добар филм остава нешто кај човекa.

Иван Митев, М-Нет