
По неколку годишна пазуа на музичката сцена на овогодинешниот фестивал за забавна музика Макфест во Штип се враќа и Дарко Андонов. Со песната „Јас доаѓам“ која е авторски текст на еден од членовите од дуото „Како Браќа“ со кои ќе се појават на макфестовата сцена, очекуваат добра забава и прифатливост на песната од страна на публиката.
„После малку подолга пауза во принцип се појавуваме на Макфест со моите поранешни соработници „Како браќа“. Искористивме дел од периодот кој беше позади нас со корона кризата, да се посветиме на себе и музиката пак да почнеме со музика и решивме да пуштиме песна оваа година на Макфест. Мислиме дека имаме добра песна, ќе ја забавуваме добро публиката и се надеваме дека добро ќе помине. Песната е авторско дело на еден од членовите на дуото „Како браќа“, Кире Јакимов. Генерално песната е во хип хоп стил, еден стил кој го гаат повеќе време дуото „Како Браќа““ – кажа Андонов.
Андонов на Макфест до сега има настапувано двапати и како што вели пред камерите на М-Нет телевизија искуставата се одлични. Сега музиката и настапот се сваќаат на поинаков и посериозен начин.
„Во принцип тогаш малку понеискосни се појавивме на Макфест тоа беше 2002 и 2004 година, конкретно за мене 2002 година освоив трета награда, 2004 година освоив втора награда. Но сега некако малку поразлично размислуваме на целиот концепт и на Макфест и на нас генерално како позрели музичари. Целта ни е да допреме до публиката, да најавиме дека се враќаме на сцената и конкретно целта ни е да работеме со млади луѓе каде што ќе создаваме музика која ќе се претстави на младите генерации.“ – додава Андонов.
Музиката за Андонов е негова прва и најголема љубов. Вели пее од шест годишна возраст, свирел клавир, се додека не сватил дека вистинскиот инструмент за него е гитарата. Роден штипјанец кој подолго време живее во Скопје, но додава Штип го носи во срцето и често е овде.
Лаура Стојанова М-Нет