Штипјанецот Бобан Николов вечерва со јубилеј во репрезентативниот дрес на Македонија

Репрезентативецот Бобан Николов вечерва ќе има свој јубилеј во дресот на националниот тим, штипјанецот против Данска ќе го забележи својот 50 настап за репрезентацијата на Македонија.

Вечерва нашите момци ќе играат важен дуел против Данска во обид да се испише историја за пласман на Светското првенство.

Николов кој ги има поминато сите младински селекции на Македонија вечерва ќе стигне до бројка од 50 натпревари во националниот дрес.

Неговото деби во дресот на Македонија беше на 14 декември 2005 година, а низ овие 49 настапи тој има постигнато 50 погодоци.

Да навиваме за Македонија да ја совлада Данска, а Николов да има двојна радост.

Александар Ванев, М-Нет