Штипски Текстилец голем фаворит за победа против Шампион, Сокол Саса гостува во Радовиш

Со четири натпревари, утре, сабота, ќе биде отворено четвртото коло на Првата ракометна лига, а ќе се затвори со три средби во недела.

Колото се отвара утре со два меча кои стартуваат во 18:30 часот. Вардар Неготино како голем фаворит ќе ја пречека Преспа на домашен терен, додека пак дебитантот Сокол Саса од Македонска Каменица ќе гостува кај ланскиот суперлигаш Радовиш.

На овој меч радовишани се големи фаворит за првата сезона радост и можноста да се пробиваат кон горниот дел од табелата. Тимот од Македонска Каменица се надева на изненадување, за први бодови и прва радост.

Во 19 часот ќе стартува натпреварот меѓу Илинден и Драчево Јуниор, каде гостинот е голем фаворит за триумф, додека пак половина час подоцна Овче Поле ќе се соочи со ланскиот суперлигаш Пролет, каде гостинот од Скопје е фаворит за трумф.

Во недела програмата од Првата ракометна лига нуди три средби. Во 17:30 часот Македонија ЃП ќе оди на мегдан против Партизан, каде се очекува неизвесен и израмнет дуел, додека пак во 18:30 часот ќе започне средбата меѓу Шампион и Текстилец од Штип. По три кола штипјани се единствени со три од три и максимални шест бодови и в недела во Скопје патуваат како апсолутни фаворити за нов триумф и со тоа да продолжат да го чуваат врвот.

Колото се затвара во Гостивар во 18:30 часот со средбата меѓу Јехона и Аеродром.

Александар Ванев, М-Нет