
Со писмо до министерката за труд и социјална политика, штипските пензионери го започнаа денешниот протест за линеарно покачување на пензиите за 3500 денари. На пазарен ден посочија дека наместо на пазар излегоа на протест, оти со пензиите немаат пари за пазарување. Прашуваат како ќе поминат уште два пазрни дена месецов, и што со покачувањето од 6%?
„Денес е петок, пазарен ден вонашиот град па да ја повикаме госпоѓата Јованка Тренчевска да помине по нашите улици и да ги слушне зборовите „Ајде на пазар!“. Не,овој пазарен ден ќе го прескокнам,„имам се“, а во мислите е дека има уште два пазарни дена, а во рака ми се последните пари“ – вели Арсовска.
Со денешните примања пензионерите велат немаат пари ниту за лекарства, па се оставени на дното на сиромаштијата.
Без зборови поддршка на протестот даде и претседателот на здружението на пензионери, Ристе Нетков.
Пензионерите и денеска повикаа на поголема масовност вопонеделник за кога е органзииран превоз за протест во Скопје.
Лаура Стојанова М-Нет