
Комбинирано во овој викенд македонските фудбалски прволигаши ќе ги одиграат натпреварите од редовното 23 коло. Скоро сите натпревари го привлекуваат вниманието на спортската јавност особено средбата на Чаир во која ќе се сретнат екипите на Шкупи и на Вардар. Интересно ќе биде и во Ѓорче Петров кода што „правдата“ на натпреварот Македонија ЃП – Силекс ќе ја дели штипска судиска четворка. Главен судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев, прв помошник ќе биде Никола Караколев, втор помошник Кристијан Џонов а четврти судија ќе биде Димитар Пилешков. Еве ги комплетните двојки за ова 23 прволигашко коло:
- Работнички – А. Пандев
- Шкупи – Вардар
- Шкендија – Пелистер
- Македонија ЃП – Силекс
- Струга Т Л – Ренова
- Борец – Беласица
Сите натпревари ќе се одиграат во недела на 14 март 2021 г. со почеток во 15.00 ч. освен средбата во Скопје, Работнички – А.Пандев која ќе се одигра денес.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk