
Синоќа со натпреварот во Крива Паланка се комплетираше осмото коло на Првата футсал лига, откако Осогово загуби со 3:7 од екипата на Шкупи.
Претходно, како што информираше М Нет телевизија големото дерби меѓу Форца и Проект заврши со триумф од 2:1 за домашниот тим, а во рамки на оваа рунда Кеги Моби за првпат се израдува на триумф откако славеше со 5:1 над екипата на Железарец.
Црна Река и Бутел во Кавадарци ремизираа играјќи 2:2, а со тоа ги поделија и бодовите, а пак Јувентус Серава со 4:8 загуби од Клими.
Во однос на табелата Форца е прва со 24 бодови на своето конто, шампионот има плус три бодови во однос на Шкупи кој е втор со 21 бод. Проект се спушта на третото место со 19 бодови, Осогово е на 4. место со 13 бодови.
Екипата на Железарец е на 5. место со девет бодови, Клими е место подолу со осум бодови, Црна Река е седма со пет бодови, а толку има и Кеги Моби кој е осми.
На деветтото место е Јувентус Серава со четири бодови, а на дното е Бутел со три бодови.3
Александар Ванев, М-Нет