Шкендија повторно против ТНС – познат ривал на патот кон Лигата на шампионите

ФОТО: ФК Шкендија

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија од Тетово го доби својот противник во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. На денешната ждрепка, тетовци беа меѓу неносителите, но имаа среќа и го извлекоа ТНС – првакот на Велс, еден од најприфатливите ривали од првиот шешир.

Ова не е првпат овие два тима да се сретнат на европската сцена. Потсетување – во 2018 година, Шкендија одигра импресивен натпревар во Скопје и славеше со убедливи 5-0, што останува една од најголемите европски победи за македонски клуб. Но, ТНС не остана должен – на реваншот во Велс успеа да изненади и да победи со 4-0, потврдувајќи дека е ривал кој не треба да се потцени.

Првиот натпревар од оваа сезона ќе се одигра во Велс на 8 или 9 јули, додека реваншот во Тетово е закажан за 15 или 16 јули. Шкендија ќе се обиде да го повтори успехот од 2018, но и да го избегне непотребниот ризик од првиот натпревар.

Со поволен противник, но и со искуство што покажува дека нема лесни натпревари, Шкендија има јасна цел – пласман во следната рунда на квалификациите и продолжување на сонот за настап во најелитното европско клупско натпреварување.

Александар Ванев, М-Нет