
Во рамки на осмото коло во Трета лига – Север Академија Илинден со минимални 1:0 го доби Њу Старс со погодокот на Мурати.
Риниа и Куманово ремизираа играјќи без голови 0:0, а висока победа забележа Башкими Љуботен откако со 5:0 го декласираше Кадино каде Авдулаи беше стрелец на три гола, а по еден гол постигнаа Јусуфи и Курти.
Поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ се намачи и со минимални 1:0 ја доби Пчиња откако погоди Богдановски, а пак Шкендија Арачиново со голот на Цаколи го дербито со Фортуна со минимални 0:1.
Ржаничино дома загуби од Аеродром со 1:2 каде Вучковски беше стрелец за домаќинот, а за гостинот двоен стрелец беше Пешовски.
Касуми постигна хет-трик и донесе голема победа за Беса Влазими во дербито со БВК Коњаре од 4:3, а еден гол даде Ајдини. За гостинот Јусуфи беше двоен стрелец, а Алили го постигна третиот гол.
Александар Ванев, М-Нет