Шкендија Арачиново го доби дербито со БВК Коњаре, Еуромилк ГЛ со висока победа над дебитантот Ржаничино

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Стартот од новата сезона во Трета лига – Север ни го донесе и мега дербито меѓу БВК Коњаре и Шкендија Арачиново, кое заврши со триумф за гостинската екипа со што трите бодови одат во Арачиново, меч кој можевте да го следите во живо само на телевизија М Нет

Целта на Шкендија Арачиново, како што вели Љупче Трпески еден од поискусните фудбалери во овој третолигаш кој дојде директно од Прва лига е пласман во Втората лига, да се освои првото место и потоа да се цели преку баражот за влез во Втора лига.

Во трката за првото место покрај овие две екипи влегува и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.

БВК Коњаре иако го загуби дербито со Шкендија Арачиново, останува со целта да се освои првото место и со тоа да се обезбеди баражот за Втора лига.

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Вчера, исто така на телевизија М Нет можевте да го следите во живо мечот меѓу дебитантот Ржаничино и Еуромилк ГЛ во меч каде гостинскиот тим славеше со 1:4 како голем фаворит каде Ангел Настевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Тасески и Исмаиловски, за домашниот тим погоди Маневски.

На останатите натпревари Академија Илинден со 2:0 го доби Кадино, Фортуна со 4:2 го доби Башкими Љуботен, Беса Влазрими со 6:3 славеше над Риниа, Њу Старс беше убедлив над Пчиња со 4:1, а пак ланскиот шампион Куманово со 2:3 славеше над Аеродром.

Александар Ванев, М-Нет