Шест нови заболени од Ковид-19 во Штип

Во изминатите 24 часа во Македонија се регистрирани 49 новозаболени од коронавирус. Најголем број од новозарзените се во Куманово – 14, следи Скопје со 13 инфицирани, во Прилеп има 8 нови пациенти, по шест во Штип и Велес и по еден потврден случај на заболен од Ковид-19 има во Кочани и Гостивар. До денес позитивни на коронавирус во државата се 760 лица.

Во болницата во Штип хоспитализирани се вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти во Клиничката болница во Штип се стабилни.