
Двајца актери и четири лица од технички персонал заминале во пензија оваа година од Народниот театар во Штип. Со ова бројката на кадар кој недостасува се зголемува, а со тоа се отежнува работата во установата. Директорот, Горан Трајков е свесен за вака настаната ситуација, додавајќи дека прави напори за да не се остават празни овие виталнио места. Потребни се актери, технички персонал, креативен персонал како и стручни луѓе за да може да се опслужи културната дејност.
„Постои голем гап, празнина во она што е капациетет за работа на театарот и центарот за култура. Станува збор за кадар како се заминува во пензија, и се ослободуваат многу витални места за нас. Ние имаме некаде шест пензионирања оваа година и јас како директор барам и разговарам како да се надополнуваат местата на кадарот кој заминува во пензија. Тоа не се нови вработувања туку можност да се пополнат виталните места кои ни се потребни. Имаме потреба од технички персонал, креативен, стручни луѓе за да може таа културна дејност да се опслужи.“ – вели Трајков.
Според актерите важни се и условите за работа за да може да се работи, и да се прима нов кадар за да се овозможи непречена работа во штипскиот театар.
„Треба да се обрне внимание на самите услови каде што работиме, затоа што екипата го прави театарот, без екипа нема театар.“ – вели Вратеовски.
Актерите завршуваат и технички работи за да може работите да функционираат непречено, бидејќи во моментот недостигаа над 10 вработени и се бара решение за пополнување на празните витални места во штипскиот театар.
Лаура Стојанова М-Нет