
Шампионот Скопје ја забележа осмата сезонска победа, откако во гости го декласираше „фенерџијата“ Кочани со убедливи 0:7 во воведниот меч од 10. коло, со што тимот од Пржино изби на првото место во Првата женска фудбалска лига барем до комплетирање на колото.
Радица Чонева забележа хет-трик, додека пак Рабија Дервиши постигна два гола во мрежата на Кочани, а по еден гол постигнаа Блехана Алиеска и Тамара Атанасовска.
По десет кола Скопје има ефект од осум победи, едно реми и еден пораз со најдобра одбрана која примила само пет гола, а на своето конто има 25 бода, а пак Кочани останува на дното како единствен тим кој нема триумф, а на своето конто има само еден бод и со напад кој постигнал само шест гола.
Александар Ванев, М-Нет